Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш, во соработка со партнерите ,Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија, го имплементираат проектот “Споделена претприемачкa околина за креативна младина". Проектот беше финансиран од Европската Унија, од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Имплементацијата на Проектот беше насочена да помогне за надминување на најсериозните слабости на прекуграничниот регион во областа на младинското претприемништво, како што се: високиот процент на невработеност на младите, недостаток на поддржувачка околина и миграција на младите кон други региони.

Главна целна група на проектот се млади луѓе од прекуграничниот регион. Младите имаа можност да добијат иновативна услуга за учење и развој во сферата на креативна индустрија.

Со имплементацијата на проектот спроведени се следните активности:
- Кампања за подигнување на јавната свест – преку која пошироката јавност е информирана за целите на проектот и е побуден интерес кај младите за учество во проектот

- Развиена е заедничкa методологија за ангажирање и градење на капацитетите на младите – во која се идентификувани слабостите на двата региона и потребата за имплементација на проектот и е направен план на активности и програма за обука на младите лица.

- Имплементирана е методологијата за споделена претприемачка околина

- Ангажирани се co-working корисници со менторска поддршка

Во рамките на проектот опремени се две работни простории (во Радовиш и во Гоце Делчев), за младите со бизнис идеи од креативните  и други индустрии.Заедничкото работно место за младите луѓе претпоставува можност за присуство на работно место каде што корисниците ќе имаат приватност и можност за задлабочена работа.

Работните места се опремени со:

  • канцелариски мебел (конференциска маса, работни бироа, столици, затворени ормари)
  • клима уред;
  • доволно моќни мобилни компјутери за поддршка на современите софтверски решенија;
  • мултифункционален уред соможност за печатење, копирање и скенирање кој се користи од сите учесници;
  • мултимедијален уред- подвижна интерактивна табла;
  • технички средства за презентација на дела - рамки, флип чарт или друго;

Младите, во заедничкиот работен простор,во текот на септември и октомври 2017 година, користеа обуки и менторска поддршка, за стекнување на вештини за управување со мал бизнис од врвни експерти, распоредени во 3 модули на следните теми:

МОДУЛ 1 „ОСНОВИ НА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“

  • Претприемачка активност и претприемачки процес
  • Иновации и претприемништво
  • Претприемачка идеја - препознавање на можности
  • Карактеристики на претприемачот
  • Претприемачот како лидер
  • Социјално претприемништво
  • Социјално претпријатие и
  • Социјален претприемач.

МОДУЛ 2 „КАКО ДА СОЗДАДЕМЕ СОПСТВЕН БИЗНИС?“

  • Одлука за започнување на сопствен бизнис
  • Краток опис на бизнис идејата
  • Како да го регистрирам бизнисот?
  • Бизнис стратегија и вредности
  • Стратегија за маркетинг и продажба
  • Етичко бизнис однесување
  • Корпоративна општествена одговорност
  • Презентација "elevator pitch"
  • Какоданаправитедобар прв впечаток?

МОДУЛ 3 „УПРАВУВАЊЕ НА БИЗНИС“

  • Дигитален маркетинг
  • Онлајн претставување
  • Креирање и управување со тимови
  • Финансирање на мал и среден бизнис
  • Финансии за нефинансисти
  • Основи на сметководството
  • Воспоставување на контакти со добавувачи и партнери
  • Правни димензии.

 

Во ноември 2017 година на завршни настани во Струмица и Гоце Делчев – Бугарија, младите ги претставија своите креативни бизнис идеи пред претставници на бизнис секторот, финансиските и државнитеи нституции. Од претставници на водечките финансиски институции (Стопанска банка и НЛБ тутунска банка) беа презентирани продуктите кои ги нудат банките за поддршка на малите бизниси.

Претставницитре на Агенцијата за вработување на Република Македонија ги презентираа активните мерки за поддршка на невработените лица како што се:

  • Мерките за поттикнување на вработувањето, вклучително на самовработувањето во Македонија, кои се управувани од Националната агенција за вработување и вклучуваат:
    • Програма за самовработување на 950 невработени - обезбедување на обука за започнување на свој бизнис.
    • Образовна програма за 2000 невработени за поддршка за стартување и управување со сопствен бизнис.
    • Програми за обезбедување на субвенционирано вработување на младите луѓе.

И претставниците на Локалната самоуправа и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион дадоа свое видување на бизнис климата за развој на мали бизниси.

Заклучок на учесниците во проектот беше дека е потребно почесто да се реализираат вакви проекти и да се организираат вакви настани преку кои младите ќе се стекнат со нови знаења и вештини но и со контакти за размена на идеи.

Здружение ИНВЕНТИВНОСТ Радовиш и по завршувањето на проектот, во континуитет продолжи да пружа консулнтантска поддршка на младите како идни претприемачи и на претсавници на постојниот бизнис сектор, преку start up academy, со организирање на едукативни работилници за актуелни теми од областа на економијата, правото и работните односи.

Овозможени се индивидуални консултации зависно од потребите на зинтересираните млади, постојни и идни претприемачи.

Опремениот простор е од отворен тип, за да го користат младите од креативната индустрија и другите сектори, за обавување на своите истражувачки и деловни активности.

Соработката на Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш со партнерите Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија е продолжена во насока на креирање на нови идеи за подготовка и имплементација на нови проекти во прекуграничниот регион.

Остварени се контакти со СУ Јане Сандански  од Струмица и ННС Никола Талев од Гоце Делчев Бугарија и истите се запознаени со целите на двете организации. Склучен е меморандум за соработка за размена на идеи за подобрување на квалитетот на образование но и за подготовка на заеднички проекти во кои ќе бидат вклучени учениците од овие две училишта. Поддршката ќе биде обезбедена од Здружение ИНВЕНТИВНОСТ од Радовиш и Фондација за културен и интелектуален развој “Оптимист“ од Гоце Делчев Бугарија.

Секако, опремениот простор се користи и од страна на волонтерите на Здружение ИНВЕНТИВНОСТ Радовиш за подготовка на нови апликации за проекти кои се финансираат од Европската Унија.

 

Радовиш, 15.07.2019                                                                                                         Здружение ИНВЕНТИВНОСТ Радовиш

 

 

View the embedded image gallery online at:
http://www.inventivnost.com/62-follow-up#sigFreeIdf783034bdf